Зошто 14 февруари е Ден на вљубените - еве што вели легендата
Симболот на Валентајн е римскиот бог Купидон прикажан со лак и стрела. Се смета дека тој кој ќе биде погоден од стрелата веднаш ќе се вљуби.
Тој полупразник го добил името по ранохристијанскиот светец Валентин кој живеел во 3 век во новата ера.
Меѓутоа, најпопуларната приказна е таа во која Свети Валентајн се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните избрани невести. Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не смеел да се венча бидејќи тоа би пречело на неговата сила на боиштата.
Сите тие морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи го и свештенството, но свештеникот Валентин не ја почитувал таа заповед и почнал тајно да ги венчава младите двојки, ризикувајќи така да заврши во затвор и да биде убиен, што на крај и се случило на 14 февруари вечерта кога му била отсечена главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа