МВР: Демонстрантите фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре

Министерството за внатрешни работи официјални соопшти дека 47 припадници на безбедносните сили се повредени во вечерашните протести пред Собранието. Двајца се сериозни повреди, а на сите им е укажана лекарска помош.

онстатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции. За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на Република Северна Македонија. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило, велат од полицијата.

МВР соопшти и дека приведени се 11 луѓе, и оти за време на немирите полицијата не употребувала ниту притехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

-МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон  македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот, велат од МВР.

06.07.2022 - 00:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега