Муцунски: Одлични билатерални односи со Обединетото Кралство, најавена посета на Лондон

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

„На средбата уште еднаш ги потврдивме одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, што дополнително се потврдува и преку Договорот „влада со влада“, што беше потпишан во Лондон, како и преку мојата најавена посета на Обединетото Кралство, која ќе се реализира до крајот на оваа недела, информираше Муцунски во објава на социјалните мрежи.


 

Муцунски додава дека ја нагласил благодарноста за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на нашите надворешно-политички приоритети, како и за реализацијата на бројни проекти во земјата.

14.07.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега