Му дале отказ на свештеник оти го поддржувал Трамп

 

Отец Френк Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, а познат и како американски католички свештеник, добил отказ од функцијата свештеник поради „бласфемични објави“ на социјалните мрежи и непослушност.

Во писмото испратено до американските бискупи од претставникот на Светата столица во Вашингтон, се наведува дека Ватикан го разрешил Павоне во ноември, а во него било наведено, меѓудругото, дека Павоне нема право на жалба на одлуката за резрешување.

Во писмото се наведува дека Павоне бил отстранет поради „бласфемичната комуникација на социјалните мрежи“ и неговата упорна непослушност кон упатствата и наредбите на верските старешини.

За време на претседателската кампања во 2016 година, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.

19.12.2022 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега