МНР бара од Бугарија да ги осуди говорот на омраза и територијалните претензии

 

Македонското Министерство за надворешни работи бара од официјална Софија да ги осуди експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија како непримерен акт кон соседна пријателска држава.

Реакцијата на МНР се однесува на однесувањето на дел од бугарските пратеници, кои на вчерашната седница беа со натписи „Македонија е Бугарија“, а пораката беше и усмено пренесена од собраниската говорница.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ги осудува вчерашните написи "Македонија е Бугарија", кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.

Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.

Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава“, побараа од МНР.

25.06.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега