Митева: СДС да каже дали се оградува од планот на ДУИ за дестабилизација, во спротивно ќе покажат дека се соучесници

 

ДУИ незадоволна од тоа што е во опозиција со месеци прави потези кои имаат за цел да финализираат со дестабилизација, но изјавата на претседателот Мицкоски ги осуети нивните планови па сега бараат начин да се регрупираат, изјави на денешната прес-конференција на Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

ДУИ треба да одговори кој го работи сценариото со кое сакаат да ја доведат државата до дестабилизација. Нарачаните анализи или како и да ги нарекуваат нивните памфлети за дефокус од вистинските причини не поминуваат. СДС да не молчат и да не се кријат, мислејќи дека на никој нема да му текне да ги праша, дали ги поддржуваат ДУИ во идејата за дестабилизација на државата или не, рече Митева.

„ДУИ се соголија, признаа дека планираат протести и дестабилизација на државата, затоа доколку СДС веднаш не се оградат ќе значи дека и сега како и до сега во власта, се само помал партнер за правење на криминал во режија на ДУИ.

Филипче ќе покаже дека само чека насока од Речица за да знае кој политички дискурс да го фати.

Молкот од СДС, пак, покажува до кое дереџе дојде оваа партија, која наместо да биде конструктувна опозиција е привезок на ДУИ за дестабилизација и темн сценарија.

СДС имаат уште малку време да излезат од прегратките на ДУИ и да се оградат од нивните планови.

Знаеме дека Венко Филипче е уплашен за себе, свесен дека ќе треба да одговара, но тој треба да знае дека соработката со ДУИ нема да го спаси, бидејќи и нивните планови веќе пропаднаа, а тој само се соголи пред целата јавност“, нагласи Митева.

09.08.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега