Митева: Ограбена држава - потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон

 

Нов метод како СДС и ДУИ ја направија Македoнија ограбена држава - потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон, изјави на денешната прес-конфернција Марија Митева, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

За жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која де носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари. Во законот кој сами го донеле навеле дека секој може и има право да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон, рече Митева.

„Не само што незаконски постапувале, дополнително е потврдено и дека немало никаков позначаен ефект од ваквите мерки. Имено, во извештајот на Finance Think - Институтот за економски истражувања, а се однесува на оценката на пазарот за економските мерки против КОВИД-19 се потврдува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки, Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакет мерки.

Воедно, согласно законот и правилникот стоело обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства, но сепак такво тело не постоело.

Почитувани, овие факти потврдуваат дека наместо за народот, за бизнисот и економијата во целина, парите завршуваа кај фирми блиски до власта. Од ден за ден нови економски негативи, ни од ден за ден имаше позитива на салдото на функционерите на СДС и ДУИ. За ова мора да има одговорност“, посочи Митева.

31.07.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега