Министерката за финансии: Проектите за коридорите 8 и 10 не можат паралелно да се тераат

 

Министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ, кажа дека проектите за коридорите 8 и 10 не може паралелно да се тераат.

„Двата проекта не може паралелно да се тераат. Можеби за две-три години ќе може да се вклучи Коридорот 8 кој засега за нас нема додадена вредност, а Коридорот 10, нагласи, за бизнис секторот е  многу поважен и притоа, обврска и приоритет на власта е на компаниите да им излезе во пресрет“, изјави министерката за финансии.

12.08.2024 - 20:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега