Мицкоски: Правевме грешки но тие не беа катастрофални

 

Во овие 100 дена сигурно секој граѓанин стекнал свое мислење за состојбите и работите коишто се случуваа, како и за перформансот на Владата. Секогаш има простор се разбира за подобрување, како што секогаш ќе има поедини критики за тоа што може да биде подобро и каде работите не одат со посакуваниот тек и динамика. Јас ги слушам тие критики, и размислувам, заедно со моите колеги од Владата, како да се подобруваме. Секако идеално не може да е се, но ако секој од нас се обиде да увиди каде погрешил, и преку некоја критика се подобри, тогаш ние ќе ја исполниме целта и ќе бидеме одговорна влада којашто не престанува да го слуша гласот на народот. Пристојноста мора да е една од нашите клучни одлики. А пристојноста доаѓа од понизноста, кога владата која го слуша својот народот, работи за него и е практично слуга на народот, рече Преимиерот Мицкоски на одблежувањето на првите 100 дена од работата на неговата Влада

„Во интерес на ова би сакал да издвојам неколку крупни теми коишто во периодот којшто следи беа своевидна критика. Не би сакала да ги тука споменувам одредени гафови коишто се природна работа се додека тие гафови не предизвикуваат катастрофални грешки. Нормално е дека човек којшто работи, понекогаш знае и да погреши. И тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме, доколку се исправиме и доколку ги слушаме критиките и врз основа на тие критики реагираме. Лошото е ако имаме мислење и чувство за себе дека се знаеме и дека гласот на јавноста, гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Но, ние мислам како влада во изминатиот период, да направивме по некоја грешка, ниту една не беше катастрофална, но секогаш без исклучок се коригиравме и секогаш без исклучок реагиравме онака навремено како што доликува на една народна влада, слушајќи го гласот на народот и слушајќи ве вас медиумите.“ - рече Мицкоски на денешната прес конференција   

01.10.2024 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега