Мицкоски оствари средба со амбасадорката Агелер: Македонија и САД ќе ги зајакнат билатералните односи

 

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.

„Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

05.08.2024 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега