Мицкоски на поставување камен-темелник на детска градинка во Трубарево

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Трубарево во општина Гази Баба. 

Детската градинка ќе има капацитет да згрижи 60 деца. Ќе се протега на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат три занимални за деца, административни простории и останати помошни простории.

Вкупна инвестиција во првата фаза ќе изнесува 19.000.000 денари. 

20.07.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега