Мицкоски ги објави носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

 

Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица, а во двојка прв на листата ќе биде Владо Мисајловски, потврди денеска опозицискиот лидер. Третата изборна единица како што кажа тој ќе ја води Драган Ковачки, додека во четворката ќе биде потпретседателот Александар Николоски. За петката Мицкоски рече дека се уште немаат донесено одлука додека во шестата изборна единица ќе биде пратеничката Дафина Стојановска.
Дека ќе бидат кандидати во првата изборна единица веќе најавија и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски како и Претседателот на Левица Димитар Апасиев. Во единица се најавува и скопската градоначалничка Данела Арсовска.

11.03.2024 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега