Мерко бара изземање на судијката оти не прифатила застарување на делото за набавката на лускузното „ауди“
Одбраната на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко бара изземање на судијката Надица Митреска оти не го прифатила предлогот за застарување на делото, јавува „СДК.мк“.
Против Мерко се води процес за набавката на луксузното „ауди А6“ вредно 67 илјади евра и уште три други возила.
„Сметам дека за овој суд постои само една странка а тоа е Јавниот обвинител, судот врши директна повреда на законот кој гарантира правично судење. Доставените доказ пред да носи судот одлука не го достави на одбраната и го ускрати правото на одбраната за соодветно да се произнесе“, кажа бранителот на Мерко.
Судијката Митреска го одби приговорот за релативна застареност на делото бидејќи настанал прекин. Вели, одбраната има законско право да бара изземање.
Мерко се најде и на црната листа на Соединетите Американски Држави поради корупција и мешање во судски процеси.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа