Меркел: Моите мисли и солидарност се со израелскиот народ

 

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел најостро го осуди нападот против Израел од страна на исламистичка група Хамас, јави ДПА.

-Најостро ги осудувам терористичките напади на Хамас против државата Израел. Моите мисли и солидарност се со израелскиот народ и владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска Меркел.

Актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, вчера во телефонски разговор со Нетанјаху вети поддршка од Германија. Дополнително, Владата на Шолц најави дека Германија ќе ја преиспита хуманитарната помош за Палестинците.

09.10.2023 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега