Манчини: Македонија ми го донесе најголемото разочарување во животот
Селекторот на Италија, Роберто Манчини, премногу самоуверено влезе во вечерашната пресметка со Македонија во полуфиналето од баражот за СП 2022, што на крајот му се одмазди, откако нашите момци со голот на Александар Трајковски во 92. минута направија светска сензација.
Легендарниот поранешен фудбалер и долгогодишен стратег веќе ја виде својата селекција како сигурен патник во финалето, но така не мислеа избраниците на селекторот Боби Милевски и буквлано го расплакаа.
„Како што неодамнешниот триумф на ЕП 2020 беше најпрекрасното искуство во мојот живот, така Македонија вечерва ми го донесе и најголемото разочарување. Не можеме да кажеме ништо, таков е фудбалот. Понекогаш неверојатни работи се случуваат, а тоа се случи вечерва. Не ни требаше да бидеме овде, но откако дојдовме сторивме се што е во наша моќ да победиме, па сега е многу тешко да зборувам за тоа“, изјави разочараниот Манчини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа