Македонец предводил терористичка група во Австрија

 


Во австрискиот град Сент Полтен, е разбиена група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин.

Како што јавуваат австриските медиуми, македонскиот државјанин издржува петгодишна затворска казна, а им бил познат и на властите по неговите активности и поддршката за Исламската држава преку графити што ги цртал близу главната железничка станица во Сент Плотен во 2023 година.

Македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група, туку и регрутирал нови членови.

Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин.

Австриските власти најавија дека продолжува истрагата.

16.10.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега