Лупчо Бубо Каров, уште еден добитник на Медал за заслуги за РСМ

Откако претходно денес Пендаровски објави дека Бранко Огњановски ќе добие Медал за заслуги за Република Северна Македонија, Претседателот на својот фејзбук профил објави дека и Лупчо Бубо Каров ќе биде уште еден добитник на Медал за заслуги за РСМ. Бубо Каров беше еден од трите најкарактеристични и најпопуларни ликови од К-15 како "Цацко".

- Сатиричар, автор, музичар, новинар. Еден од основачите на хумористичното телевизиско шоу „К-15“, каде што доаѓа до израз неговата креативност, импровизациски, интерпретациски и музички вештини, напиша Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

28.12.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега