Лукашенко: Зеленски е крив за ескалација на конфликтот, а не Западот
Постапките на Владимир Зеленски доведоа до ескалација на конфликтот во Украина, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко во интервју со американскиот блогер Марио Нуфол, објавено на социјалната мрежа Икс.
– Тој даде многу ветувања, од кои најважно беше за прекин на конфликтот, но, всушност, само ја влоши ситуацијата. Зеленски го доведе конфликтот во Украина на невидено ниво – оцени Лукашенко.
Наместо да се стреми кон мир, шефот на режимот во Киев само го продлабочи конфликтот, посочи тој.
Белорускиот лидер нагласи и дека Зеленски поради своето неискуство дозволил неколку грешки кои можеле да се избегнат доколку ги слушал советите на искусни експерти.
Лукашенко исто така изјави дека украинскиот конфликт немаше да се случи доколку Западот не го „напумпа“ Киев со оружје.
Дополнително, тој оцени дека Русија никогаш нема да се согласи на испраќање „мировни сили“ од Европската унија во Украина, чие раководство зазема многу агресивен однос кон Москва.
Прашањето кој е одговорен за конфликтот во Украина во моментов не е на дневен ред, но тоа ќе стане јасно со текот на времето, рече белорускиот лидер.
Лукашенко заклучи дека војната треба да се прекине и дека решавањето на конфликтот доби важност благодарение на новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа