Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот, ниту пак се трошело душмански, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со работниците

 

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат 500 милиони евра е лага со која партијата сака да го оправда финансискиот колапс кој следува. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера, истакна дека драмата од ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид да се исплашат граѓаните, а доказот за тоа е алатката Отворени финансии.

„До моментот на изборите, ако отидете на Отворени финансии, алатката за транспарентност која СДСМ ја воведе, ќе видите дека за сите трошоци се предвидени средства. Ниту еден денар не фали.  Оваа драма која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ е само за политички потреби. Ниту е точно дека снемало пари ниту дека не се знае каде се. Обвинувањата дека институциите ќе се занимавале со ова се паушални и без основа“, истакна Лукаревска.

Пратеничката Лукаревска на денешната прес конференција потенцираше дека причината за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е очигледно. Прво, за да се создаде перцепција дека СДСМ направил хаос со цел граѓаните да се помират со тоа што ќе нема пари за нив, а второ е ВМРО-ДПМНЕ сака да си создаде алиби за кредитот од Унгарија.

18.07.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега