Лога-Ди Џовани: Секое дете заслужува да биде заштитено од системот

 

Министерот за правда Кренар Лога  оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и Олимпија Марковска, офицер за детска заштита.

На средбата се разговараше за унапредување на правата на децата, нивната заштита и Стратегијата за заштита на детско престапништво.

Осврнувајќи се на правата на децата, министерот за правда Кренар Лога   рече дека правдата за децата спаѓа во врвните приоритети за Република Северна Македонија којашто ја има ратификувано Конвенцијата за правата на децата и вложува напори да ги оствари нивните права на системски и сеопфатен начин и тоа како на стратешко, така и на законско и стручно ниво.

Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот.Секое дете заслужува неговите потреби да бидат приоритет за институциите  и да биде поштедено од какво било однесување коешто води кон некаков облик на дискриминација и маргинализација.

Министерството за правда работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво.

Соработката со УНЦЕФ ќе продолжи и во наредниот период.

28.04.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега