Летаат искри меѓу социјалдемократите: Таткото на Валандово му реплицираше на Деспотовски

 

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, предизвика контроверзи со неговата остра реакција на Фејсбук, каде што посредно го критикуваше кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Причината за оваа реакција беа изјавите на Деспотовски дека граѓаните не можат да ги видат функционерите на СДСМ, не само во Струмица и Паланка, туку во цела Македонија.

 

“Другарите кои сакаш да ги водиш, не можеш да ги навредуваш и шиканираш. Бидејќи тие не се твоја сопственост. Тие се твоето богатство и сила!”, напиша Костадинов во својот пост, изразувајќи незадоволство поради изјавите на кандидатот за претседател на СДСМ.

Со последното анкетно истражување на ИПИС, кое покажува дека рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, е шест пати поголем од актуелниот претседател на СДСМ, партијата се соочува со предизвици пред историски лоши изборни резултати, кои можат да доведат до распад на најмалку три фракции.

 

27.06.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега