Кузеска: Обидот на Максим Димитриевски да се дистанцира од ВРЕДИ е трагикомичен
„Обидите на ЗНАМ и Максим Димитриевски да се дистанцира од Вреди се најблаго кажано трагикомични. Прво се посрамотија со тоа што најавуваа дека при првиот скандал ќе излезат од Владата, а сега удобно си седат во фотељите после низа скандали“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Сега дополнително се посрамутуваат и се обидуваат да фингираат некаква расправија со цел да ја намалат штетата. Тоа е навреда за граѓаните и оние кои им дадоа поддршка.
Димитриевски ветуваше дека ќе биде контролор во власта на работата на албанските партии и фактор на стабилност, но се покажа дека тој не е никаков фактор и дека го интересираат само неколкуте функции кои ги доби од Мицкоски“, одговори Кузеска на новинарското прашање..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа