Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

 


Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.

„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.

Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува Танјуг.

08.05.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега