Кремљ го предупреди Западот: Ако испратите тенкови, за тоа ќе плати украинскиот народ

 

Кремљ испрати предупредување до Западот поради најавите за испраќање тенкови во Украина.

Се повеќе има индиции дека тенковите Леопард 2 од германско производство ќе бидат префрлени во Киев. Запрашан за ова прашање на утринскиот дневен брифинг, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека поделбите во Европа околу тоа дали да се испратат тенкови покажуваат дека во НАТО има растечка „нервоза“.

„Но, се разбира, сите земји кои учествуваат, директно или индиректно, во транспортот на оружје во Украина и подигнувањето на нејзиното технолошко ниво сносат одговорност за продолжување на конфликтот“, рече тој.

„Но, јасно е дека на крајот украинскиот народ ќе ја плати цената за сета оваа псевдо-поддршка“, рече тој,пренесе Индекс.хр.

23.01.2023 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега