Крадец падна во рацете на македонската полиција

 

Во село Црничани, општина Дојран вчера во 15.45 часот полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани.

МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на сопствениците. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против Г.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

11.04.2025 - 11:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега