Ковачевски повика на деескалација на состојбите меѓу Косово и Србија
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција повика на деескалација на состојбите меѓу Косово и Србија, како и имплементација на Договорот кој двете земји го постигнаа на 27. февруари во Брисел, а и на договорот постигнат во Охрид за патот кон нормализација на односите.
„Во оваа прилика како непосреден сосед на Косово и на Србија, повикуваме на деескалација на состојбите и спроведување на меѓународно преземените обврски на двете страни, односно на имплементација на Договорот кој Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел, и на договорот постигнат во Охрид за патот кон нормализација на односите. Знам дека тоа е исто така процес кој вклучува одлуки во двете соседни држави, но политичарите секаде имаат обврска да се однесуваат државнички и храбро и одлучно да пристапуваат кон решавање на отворените прашања, колку и да е тоа тешко и на моменти колку и тоа да изгледа безизлезно“, изјави Ковачевски.
06.07.2023 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа