Ковачевски: Од заробена држава, станавме земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со ЕУ

 

„Северна Македонија и каде сме ние денес е конкретен пример за тоа како преку дијалог, државничко однесување и носење тешки но храбри одлуки, се прават огромни разлики за многу кратко време. Од заробена држава, станавме земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со ЕУ со заштитен јазик и идентитет, култура. Земја која од корисник на мировни мисии, денес е домаќин и го споделува своето искуство за надминување на предизвици по пат на дијалог со соседните држави кои меѓу себе имаат отворени прашања“. Овие пораки ги испрати денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер, Еди Рама.
Твој во своето обраќање повика и на деескалација на состојбите меѓу Србија и Косово.
 
„Токму затоа во оваа прилика како непосреден сосед на Косово и на Србија, повикуваме на деескалација на состојбите и спроведување на меѓународно преземените обврски на двете страни, односно на имплементација на Договорот кој Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел, и на договорот постигнат во Охрид за патот кон нормализација на односите.
Знам дека тоа е исто така процес кој вклучува одлуки во двете соседни држави, но политичарите секаде имаат обврска да се однесуваат државнички и храбро и одлучно да пристапуваат кон решавање на отворените прашања, колку и да е тоа тешко и на моменти колку и тоа да изгледа безизлезно“, ијзави Ковачевски.
 
Пред нас е секако уште една одлука, додаде Ковачевски, кое е прашање од интерес за граѓаните и медиумите, а тоа се однесува на носењето на уставните амандмани во Собранието и јас верувам дека нашето Собрание ќе е на ниво на задачата и дека конечно ќе можеме со забрзан чекор да го продолжиме нашиот пат кон европските интеграции и да се придружиме кон европското семејство.
 
 
06.07.2023 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега