Комунална хигиена: Подигнавме 1200 кубни метри отпад од диви депонии

 

Во текот на последниот месец од 2024-та година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 1200 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром.

Во текот на месецов, ЈП Комунална хигиена-Скопје бележи и голем број интервенции на таканаречените „црни точки“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир, улиците Ѓорче Петров, Лука Геров , Христо Батанџиев и Македонска војска - во општината Ѓорче Петров, улицата Васил Чакаларов - во општината Карпош и улицата Димо Хаџи Димов - во општината Кисела Вода.

На овие локации секојдневно се реализираат и интервентни патролни дежурства од страна на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, којашто во текот на месец  декември изготви и врачи вкупно 29 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

31.12.2024 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега