Камбовски: Судиите што не работат според законите ќе бидат отстранети
Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Денеска Советот на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола а беше избран за член на Советот во јуни минатата година.
„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија“, изјави Камбовски по изборот.
Судиите кои не работат според законите според него ќе бидат отстранети од судскиот систем.
„Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, потенцира Камбовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа