Китаноски: Јовчески го претвори Прилеп во скијачки центар

 
Советничката група на СДСМ од Прилеп денеска ја напушти 55 седница на Советот на Општина Прилеп поради тоа што не им беше прифатена нивната предог точка за состојбите со чистењето на улиците во градот, а градоначалникот Борче Јовчески не се појави на седницата.
 
Советникот Александар Китаноски, истакна дека Прилеп е претворен во огромен скијачки центар.
 
-Јовчески го претвори Прилеп во скијачки центар...ул.Петта Прилепска е одлична за   слалом , ул.Борка Талески за спуст а сите останати за уметничко лизгање. 
Не овозможи само услови за ноќно скијање бидејки нема улично осветлување, рече Китановски.
 
 „За разлика од Митко Јанчев кој на граѓаните им овозможи скијачки центар на 50 км. од Кавадарци, Јовчески се потруди ние прилепчани тоа да го имаме дома“, рече Китаноски.

15.01.2025 - 21:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега