Кина: Тинејџерка потрошила околу 60.000 евра од заштедата на родителите на видео игри
Тринаесетгодишно девојче во Кина годинава потрошило околу 60.000 евра од заштедата на нејзините родители на мобилни игри – без нивно знаење, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Гонг Џиванг открила што направила нејзината ќерка на крајот на мај откако и се јавила наставничка од интернатот во кој оди нејзината ќерка. Имено, наставничката сакала да им ја пренесе својата загриженост на родителите бидејќи забележала дека нивната ќерка тинејџерка е зависна од платени игри, пренесува регионалниот ТВ канал „Elephant News“ во провинцијата Хенан.
Кога Гонг ја проверила нејзината банкарска сметка, била шокирана кога сфатила дека и останале само шест центи.
Девојчето префрлало пари и на сметките на најмалку 10 соученици кои и’ биле љубоморни и сакале исто како неа да играат. Вкупната сума што тинејџерката ја потрошила за пет месеци на тој начин се искачила на 60.000 евра.
„Никогаш не мислев дека 13-годишно девојче може да направи вакво нешто. Јас сум тотално изгубена. Чувствувам дека главата ќе ми експлодира“, рече Гонг.
И ќерката реши да се појави во медиумите. Во таа прилика рекла дека на мобилниот телефон ја поврзала дебитната картичка на мајка си, но дека не знае од каде се парите, ниту колку потрошила.
Таа кажа дека се сеќава оти нејзината мајка претходно и ја кажала лозинката на нејзината банкарска сметка за одредена исплата. Таа исто така тврдела дека нејзините школски другари откриле дека таа троши многу на игри и ја мачеле да им префрли пари и на нив.
„Ќе ме мачеа цел ден ако не им ги префрлав парите. Ако и’ кажев се на наставничката, се плашев дека може да им каже на моите родители и тие ќе се налутат“, изјавило девојчето и додало дека ја избришала и преписката на чатовите и трансакциите што ги правела во со цел да ги сокријат плаќањата од нивните родители.
Гонг, мајката на девојчето, рече дека контактирала со неколку платформи за да ги врати парите, но сè уште не можела да ги собере сите потрошени пари.
Зависноста од игри е толку распространета меѓу младите во Кина што земјата воведе ограничувања за тинејџерите и децата кога станува збор за Интернет. Тинејџерите во Кина не треба да играат видео игри повеќе од три часа неделно, цел поставена од кинеската влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа