Канадскиот премиер Трудо се огласи по шокантната вест за смртта на Метју Пери: Биле школски другари

Премиерот на Канада Џастин Трудо на социјалната мрежа Икс, се огласи по веста за смртта на славниот Метју Пери, попознат како Чендлер од серијата „Пријатели“ (Friends).

„Смртта на Метју Пери е шокантна и тажна. Никогаш нема да ги заборавам игрите во училишниот двор што ги игравме и знам дека луѓето ширум светот никогаш нема да ја заборават радоста што тој им ја донесе. Благодарам за смеењето, Метју. Беше сакан и ќе ни недостигаш“, напишал Трудо.

Инаку,  Метју Пери во саботата беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Актерот имаше 54 години.

 

29.10.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега