Јаревски: Резултатот од министерувањето на Филипче, хациенда на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбена државна каса

 

Резултат од министерувањето на Филипче е хациендата на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбената државна каса . Во еден мандат како министер Филипче успеа енормно да го зголеми својот имот, рече на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Додека тој беше министер таткото на неговата сопруга изгради хациенда на Водно, а откако му заврши мандатот тој почна да вози луксузно Ауди Q8, кое патем сеуште го нема впишано во анкетниот лист, истакна Јаревски.

„Од каде пари за хациендата која вреди 1 милион евра и со кои пари е купено луксузното Ауди? Дали можеби Филипче ќе ни каже евтини изговори дека хациендата е на таткото на неговата сопруга, а Аудито му е дадено за возење?

Дали овој имот на Филипче некако се доведува во врска со милионските тендери и милионите испумпани во негово време?, прашува Јаревски.

Во време на Филипче немаше милионски тендер кој не беше обвиткан во скандали, истакна Јаревски.

„Венко Филипче точно знае во се што бил вмешан, затоа и отиде за претседател на СДС, за да може да се крие зад политичката позиција и да се вади на политички притисок кога ќе биде гонет.

Филипче нема да побегнеш, ниту пак функцијата во СДС ќе те спаси“, нагласи Јаревски.

13.07.2024 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега