Италијанската Влада нуди стипендии за македонски студенти - имате уште неколку дена за аплицирање

 


Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската 2025-2026 година.

Како што објави МОН, кндидатите може да аплицираат за следните категории на студии во Италија: напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци); втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски); студии за високо образование од областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот; докторски студии и истражувачки проекти.

Подетални информации за аплицирањето се достапни на веб-страницата на Амбасадата на Италија: www.ambskopje.esteri.it и на порталот на Владата на Италија наменета за студирање во таа земја и за стипендии: https://studyinitaly.esteri.it

Апликацијата може да се симне од наведениот портал и треба да биде целосно пополнета и пратена онјалн заклучно со 16 мај 2025 (до14:00 часот). 

07.05.2025 - 10:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега