Информација која ја чекаше цел свет: Прозборе докторот кој го лекува Шумахер- деталите за неговата состојба
Докторот кој го лекува легендарниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, за првпат јавно проговорел за неговата состојба.
За потсетување, Шумахер кон крајот на 2013 година настрада на скијање, каде ја повреди главата и оттогаш е во тешка состојба.
Како што пренесува „Corriere dello Sport“, во документарниот филм на францускиот „TMC“, неврологот Ерих Ридерер открил дека славниот возач на Формула 1 е подобро од претходно.
„Михаел Шумахер е буден, дише, срцето му има добар ритам. Веројатно може и да седне, дури можеби и да направи некој чекор со помош на друг, но не повеќе од тоа“, изјавил докторот и додал:
„Мислам дека ова е најмногу што тој ќе може да го направи“, заклучил човекот кој најдобро ја познава состојбата на Шумахер.
„Повредите со кои се здобил се од трајна природа и не постои реверзибилен процес кој би го довел во првобитната состојба. Тој е во своевидна вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не одговара“.
Шумахер во 2013 година падна во кома поради сериозните повреди на главата, а потоа беше префрлен во семејната вила каде, далеку од очите на јавностa, речиси 7 и пол години се лекува, а никој всушност не знае детали за неговата состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа