Инцидент за време на лет со авиокомпанија „Делта“: Патници почнале да крварат од ушите и носот


Патниците на летот 1203 на „Делта ерлајнс“ од Солт Лејк Сити до Портланд доживеаја моменти на страв и болка кога нагло опадна притисокот во кабината на авионот. Неколкумина од нив пријавија крварење од уши и нос како резултат на оваа неочекувана декомпресија.

Џејси Персер, една од патниците, опишала како се чувствувала како некој да ѝ прободел нож во уво. „Слушнав како излегува малку воздух, а потоа ми звучеше како увото да ми врие. Го допрев и почувствував крв“, изјавила таа за Си-ен-ен. Слични искуства имале и други патници, кои исто така се жалеле на болка во ушите и крварење од носот.

По слетувањето во Солт Лејк Сити, патниците биле префрлени во друг авион, а техничарите на „Делта“ го идентификувале и отстраниле проблемот со системот за притисок. Авиокомпанијата се извини на патниците за непријатното искуство и вети дека ќе соработува со федералните власти во истрагата на овој инцидент.

18.09.2024 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега