И дојде преку глава: По 17 години брак Џесика Алба реши да се разведе од сопругот

 

Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.

Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.

Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).

Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.

Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана  без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.

Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.

09.01.2025 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега