Кинески суперавтомобил го шокира светот: Прескокнува дупки и шилци при 120 км/час

 

BYD го претстави својот револуционерен суперавтомобил Yangwang U9 на овогодинешниот CES во Лас Вегас, демонстрирајќи ја својата неверојатна способност да прескокнува пречки без возач.

Ова луксузно електрично возило кое чини околу 222.000 евра не е само обичен суперавтомобил.

Благодарение на напредниот хидрауличен систем на суспензија, Yangwang U9 може да изведува подвизи досега невидени во автомобилската индустрија - од прескокнување преку големи дупки до танцување.

На демонстрација организирана од BYD, автомобилот без возач возел на тест патека со брзина од 120 километри на час. Јангванг U9 успешно прескокна преку дупка долга два и пол метри исполнета со вода, покривајќи растојание од над шест метри. После тоа, автомобилот лесно ги совлада металните шилци високи три и пол сантиметри, кои се дизајнирани да ги запираат возилата со дупчење гуми.

Yangwang U9 не е само импресивен по своите акробатски способности. Со четири електромотори со вкупна моќност од 1.287 коњски сили и вртежен момент од 1.680 Nm, овој суперавтомобил може да забрза од 0 до 100 километри на час за само 2,36 секунди.

За разлика од повеќето суперавтомобили, U9 користи подостапни батерии од 80 kWh литиум-железо-фосфат (LFP), кои обезбедуваат опсег од 465 километри според кинескиот стандард CLTC. Брзината на полнење е особено импресивна - благодарение на архитектурата од 800 волти, батеријата може да се наполни од 30 до 80 проценти од капацитетот за само десет минути.

Ова не е прв пат луксузниот бренд на BYD, Yangwang, да го привлече вниманието на јавноста со своите иновации. Нивниот претходен модел, теренецот U8, минатата година стана познат по тоа што можеше да плови по вода.

09.01.2025 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега