Невообичаена полициска акција: 5 дами зад решетки - ги уапсиле покрај автопат

 

Денеска во периодот од 02.50 до 04.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Гостивар во атар на село Зубовце, гостиварско, каде одговорно лице бил 50-годишниот Р.Б. од Гостивар.

При контролата биле затекнати и приведени пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

09.01.2025 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега