Хрватите побарале 2 милиони билети за ЕУРО 2024

 

Во јуни се очекува стартот на ЕУРО во Германија а досега Хрватите покажале огромен интерес за следење на натпреварите на својата репрезентација.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска објави дека Хрватите поднеле барање за дури 2 милиони билети.

Сепак, целосната продажба и дистрибуција ја организира УЕФА.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска излезе со соопштение во кое вели: „Нагласуваме дека официјално ќе биде одобрена само платформата за препродажба на билети на УЕФА и дека сите други канали за купување се неовластени и како такви небезбедни за клиентите. Невозможно е да се проверат билетите што се рекламираат, ниту пак да се префрлат на друго лице, пред вистинскиот клиент да го добие билетот на неговата корисничка сметка на крајот на мај или почетокот на јуни. ХНС ги информираше надлежните институции за појавата на ваквите билети на пазарот, но и УЕФА како организатор на натпреварувањето. Препорачуваме внимателност, мудрост и посебно внимание на сите фанови за да не станат жртви на шпекуланти и измамници

ЕУРО ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во десет градови, а Хрватска е во групата Б заедно со Шпанија, Италија и Албанија.

01.02.2024 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега