Хорор во Виена: Мајка и нејзината малолетна ќерка пронајдени починати
Позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени починати околу 7 часот и 20 минути во стан во Виена, откако мајката на убиената повикала полиција, бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката.
Полицијата веднаш започнала потрага по сопругот(53) на убиената адвокатка, поради сомнение дека е вмешан во делото.
Првите сознанија од истрагата покажуваат дека и мајката(51) и девојчето(13) биле задавени.
Не се знае кој е мотивот на злосторството.
26.02.2024 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа