Хорор во Словенија: Жена убиена од кучињата на нејзиниот син

 

Словенечката полиција истражува смрт на постара жена во регионот на Марибор. Локалните медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека станува збор за напад од најмалку две кучиња.

-Првичните прегледи покажуваат дека жената починала како последица од повредите здобиени при нападот од куче, соопшти полицијата.

Кучињата биле во сопственост на нејзиниот син. Повредите биле толку тешки, што жената на крајот починала. Причината за нападот сè уште не е официјално позната.

Кучињата претходно му биле одземени на сопственикот

Полицијата веќе имала претходни интервенции со синот на жртвата, кој бил сопственик на кучињата. Според неофицијални информации, тој поседувал три кучиња — две аргентински доги и еден питбул териер. Властите му ги одзеле кучињата на кратко, но подоцна му биле вратени.

Полицијата потврди дека за настанот биле известени сите надлежни служби, како и дежурен истражен судија и јавен обвинител. Полицајците извршиле увид на местото на настанот и ја проверуваат целата ситуација која довела до смртта на жената.

28.05.2025 - 11:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега