Хаос на роденденска забава: Избодени тројца тинејџери во Лондон
Забава за 16-ти роденден во Лондон заврши со напад на група млади со ножеви, при што беа повредени двајца тинејџери.
Полицијата уапси тројца тинејџери по инцидентот во основното училиште Елм Парк во Хеверинг, Есекс, кој се случи во саботата вечерта.
Околу 21 часот упаднале околу 50 млади луѓе во училишната сала, по што избиле тепачки кои траеле до 23 часот.
19-годишник и 16-годишно момче се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Лондонската полиција соопшти дека биле нападнати и нивни полицајци.
Тројцата уапсени тинејџери се однесени во полициска станица во источен Лондон и пуштени со кауција, со обврска да се вратат на сослушување.
Мајката на 15-годишното девојче, кое заврши во болница, за локалните медиуми изјавила: „Таа отишла на забава за која се вели дека има обезбедување, но немало ништо и се тргнало наопаку“.
„Полицијата беше повикана нешто по 21 часот во саботата, на 22 март, на тепачка во која учествувала поголема група млади. Кога полицајците пристигнале, неколку тинејџери станале агресивни кон нив. Тројца биле уапсени поради напад. На полицајците им била укажана помош на местото на настанот без потреба од хоспитализација”, изјавил портпаролот на полицијата.
Истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа