135 години од раѓањето на др. Анастас Коцарев
Здружението „Заборавени Македонци“ од Париз, Франција и Музејот на македонската борба за самостојност денеска на пригоден начин ќе одбележат 135 години од раѓањето на др. Анастас Коцарев (26.3.1890 – 28.3.1931), онколог со светско реноме од македонско потекло и македонски деец.
Како што се наведува во најавата, за ликот и делото на светски познатиот онколог од македонско потекло д-р Анастас Коцарев ќе говорат д-р Соња Коцарева-Трпезановска, внука на научникот и автор на публикација, академик Љупчо Коцарев поранешен претседател и член на Претседателството на МАНУ, градоначалникот на париската општина Бонди Стефен Ерве, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и Анче Илиевска директорката на Музејот на македонската борба за самостојност каде ќе бидат откриени два нови панели за животот и дејноста на д-р Анастас Коцарев и на Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија - прво музејско претставување во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа