Густата магла во Скопје го пренасочи авионот со фудбалските репрезентативци во Приштина
Авионот со кој Македонската фудбаалска репрезентациј требаше да пристигне во Скопје, поради густата магла е пренасочен на аеродромот во Приштина.
Пристигнувањето на аеродромот во Скопје беше најавено за 2:15 часот, но официјалните лица потврдија дека поради лошите временски услови, авионот од Тбилиси е пренасочен кон Приштина.
Македонската репрезентација вчера ја совлада Грузија во Тбилиси со 1:0 и за прв пат во својата историја избори пласман на завршницата на едно големо натпреварување.
13.11.2020 - 08:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа