Грција со реакција до УЕФА: Со дресовите на македонските фудбалери е прекршен Преспанскиот договор

 

Грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис неколку часа пред почетокот на Европското првенство во фудбал испратил писмо со жалба до претседателот на Сојузот на европските фудбалски сојузи (УЕФА), Александар Чеферин, затоа што на дресовите на репрезентативците стои името Македонија, пишува Ekathemerini

Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон знакот ФФМ (за Фудбалската федерација на Македонија) на дресот на репрезентацијата, велејќи дека иако договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки, вообичаена практика е да користете кратенки на меѓународно признато име на една земја, во овој случај Република Северна Македонија.

Грчкиот официјален претставник рече дека земјата може да го покаже своето име како НМ или РНМ, но не и ФФМ, што не ја содржи ознаката договорена според Договорот од Преспа во 2018 година.

Тој од УЕФА побарал да го испита името на фудбалскиот сојуз на земјата, Фудбалската федерација на Македонија, велејќи дека тоа е спротивна на договорот за името.

11.06.2021 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега