Ѓоковиќ со емотивна изјава за светската хајка против него: „Мора некое големо име да падне, како да е лов на вештерки“
По две седмици пауза Ѓоковиќ повторно се најде на тениските терени. Тестот на коронавирусот кој што беше негативен, направен во вторникот, го врати тенискиот ас на терените.
Како што знаеме Ѓоковиќ беше на удар на светската јавност поради турнирот кој што го организираше во Задар, а сите знаеме како заврши.
Ѓоковиќ, за првпат, одлучи да проговори јавно за хајката против него:
„Во последно време гледам само критики, многу злонамерни. Очигледно дека постои нешто повеќе од тие критики, како да постои некоја агенда, како да е лов на вештерки.
Мора некој да падне, некоја личност, некое големо име да биде главен виновник за сè“ - истакнал Ѓоковиќ за „Спортски Весник“.
Тој исто така го прокоментирал и претстојниот период за натпреварувања:
„Сè уште не знам дали ќе играм на УС опен. Во Вашингтон сигурно нема да играм, Синсинати е во план. Учеството на Ролан Гарос засега е исто така сигурно, а во план ми се и Мадрид и Рим. Новиот начин на бодување е коректен“ - додал Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа