„Ги штитиме, а губиме пари“: Трамп за НАТО и трговските односи со Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп пред медиумите ги коментираше царините кои предизвикаа огромни реакции во светот и шок на пазарите. Тој го повтори својот став дека со овој потег ги штити САД.
„Секоја земја ќе биде внимателна и љубезна кон нас. Ова не е одржливо, Америка не може да изгуби 1,9 трилиони долари во трговијата.
Во исто време, трошиме многу пари на НАТО за да ги заштитиме европските земји. Ги поддржуваме со војска и ги штитиме, а губиме пари во трговијата.
Сето тоа е лудо и јас бев избран врз основа на тоа да го направам ова. Американскиот народ го разбира она што го правиме многу подобро од медиумите, но дури и тие го разбираат и известуваат подобро отколку што очекував“, рече Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа