Георгиев се откажа од купување на ФК Вардар

 

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев и дефинитивно се откажа од можноста да го превземе фудбалскиот клуб Вардар.

Иако постоеше интерес од страна на Георгиев веќе долго време, сепак, на крајот од тоа нема ништо бидејќи денеска е соопштено дека поранешниот бугарски фудбалер се повлекува.

Според информациите на ,,Вардар Фанс”, во игра заедно со Георгиев да го превземат ФК Вардар беа и тројца некогашни репрезентативци на Македонија, од кои двајца беа и поранешни фудбалер на ФК Вардар, како и двајца луѓе од Бугарија.

Од денес и фудбалерите на ФК Вардар се слободни агенти. Што ќе се случува со судбината на клубот, е крајно алармантно и неизвесно. Во игра се најлошите сценарија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега