Генералниот секретар на СДСМ должи 11.500 евра на УЈП за данок

Миле Зечевиќ кој е генерален секретар на СДСМ и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање должи 707.584 денари за данок или околу 11.500 евра на Управата за јавни приходи. Тој е на листата должници на Управата за јавни приходи.

На листата која ја објави УЈП се објавени долгови чиј вкупен износ е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.

УЈП пред два дена ја објави новата листа на должници на данок на која има фирми и граѓани.

На листата се објавени долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

12.01.2024 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега